Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 89 возачи.
„Од нив, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема . Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедноста во сообраќајот.