Возел во спротивна насока па нападнал полицаец
24.04.2014 10:23
| KumanovoNews
Возач физички нападнал полицаец затоа што го сопрел да не вози во спротивна насока.

Инцидентот се случил на почетокот на месцот во центарот на градот, на улицата „Ленинова„, откако полицаецот забележал дека С.Л.(38) од Куманово со својот автомобил “пасат“ вози во недозволена насока. Службеното лице го сопрело возилото, по што возачот излегол и го нападнал удирајќи го во коленото, а потоа почнал да го влече за десниот ракав.
На С.Л. истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.
Тој ќе одговара за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.