Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработен во ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово се здобил со сериозни повреди, откако паднал од тракторска приколка додека извршувал работни задачи.
Несреќата се случила во саботата околу пладне, додека Д.С. (57) од Куманово заедно со неговиот колега собирале метли во расадникот во населбата Доброшане. Откако ги натовариле метлите во приколката Д.С. седнал врз нив, но кога возилото почнало да се движи тој паднал на земја. Притоа се здобил со сериозни повреди - скршеници, поради што се наоѓа на лекување во Кумановската болница, дознаваме од добро упатен извор.
МВР вчера информираше за несреќата, која кај нив ја пријавиле лекарите.
„На 05.11.2022 во 11.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општата болница во Куманово со тешки телесни повреди бил донесен Д.С. (57) од Куманово. Според пријавеното, тој се повредил при извршување работни задачи во јавно претпријатие во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.
Случајот е пријавен во Трудовата инспекција, која утре ќе врши увид во претпријатието дали се почитувани процедурите за заштита при работа.
(фото. архива)