Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец вработен во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вчера пријавил во полицијата дека бил нападнат од колега додека бил на работното место. Нападот се случил минатата среда на 27 септември.
„На 02.10.2023 година во СВР Куманово Б.Р.(27) пријавил дека на 27.09.2023 год. додека бил на своето работно место во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување - Куманово, бил физички нападнат од неговиот колега М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.