×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во градинките полагаат за лиценци

    21.01.2014 15:52 | KumanovoNews

    Деветнаесет негувателки и воспитувачки од градинката “Анѓел Шајче“ досега полагале за добивање на лиценци.

    Вработените во градинките полагаат за лиценци

     Резултатите од првите тестови ќе бидат познати деновиве, додека останатите стотина вработени во градинките чекаат да го поминат задолжителното тестирање.

    Една од колешките положила, а останатите 18 деновиве ќе ги добијат резултатите. На средба со министерот не известија дека полагањето нема да биде тешко, бидејќи имаме вработени по 20 години и сега ли ќе учиме како да работиме? Од сето она што договоривме, тестот да биде на заокружување, го одржаа зборот и негувателките се задоволни. Додека за воспитувачките прашањата биле потешки со дефиниции за нашата работа- изјави Цветанка Митевска, претседател на општинска организација на синдикат во ЈОУДГ“Анѓел Шајче“.

    Митевска објаснува дека во преговорите издејствувале процедурата за добивање на лиценца да се поедностави и поефтини, а вработените на кои им остануваат 5 години до пензионирање се ослободени од полагање.