Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Само во првиот час и половина, дваесет и пет вработени во СВР Куманово даруваа крв.
Крводарителската акција ќе трае до 14 часот, и со оглед на добриот одзив се очекува да бидат собрани 70 единици крв. Меѓу полицајците и инспекторите кои денеска даруваа крв има и редовни крводарители.
Ова ми е 30 пат како дарувам крв. Редовно учествувам кога имам време и услови. И во Прилеп како СВР Куманово учествувавме и дарувавме крв. Секој кој има здравствени можности треба да учествува - изјави Сашо Манасиевски, инспектор од СВР Куманово.
На последната акција во СВР Куманово се собрани 80 крвни единици, и се очекува успехот да се повтори и на оваа крводарителска.
Уште доаѓаат крводарители и даруваат крв, така што се надеваме дека ќе ја достигнеме бројката од претходната крводарителска. Сакаме секоја наредна акција да покажува пораст - рече Лилјана Славковска, трансфузиолог.
Во СВР Куманово три пати годишно се одржуваат крводарителски акции.