×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во здравството ќе добиjат повисоки плати за 10 отсто

    19.11.2024 14:20 | KumanovoNews

    Ноемвриската плата за вработените во јавното здравство ќе биде повисока за 10 отсто, се договориле на денешниот состанок премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Вработените во здравството ќе добиjат повисоки плати за 10 отсто

    Се работи конкретно за корекција на коефициентот 0.233 кој во превод значи повисока бруто-плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето-износ. Уште подобра придобивка во делот на овој анекс е корекција на платите од 0.364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно-медицински кадар кој во превод значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето. 

    „Следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, во 2026 година   од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени  и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година. Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти“, кажа премиерот Мицковски.