Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово се одржа Врањска вечер, која ја организираше Здружението „Ризница“, како дел од проектот Деновите на Балканска етно ризница.
Вечерта учествуваа уметникот Бранимир Стошиќ - Каце, актерот од Народно позориште „Бора Станковиќ“ од Врање со познатиот Драган Станковиќ во улога на Митке и Тијана Вучковиќ како Коштана. Вечерта беше збогатена со учество на КУД „Српски вез“ од Куманово.
Здружението „Ризница“ во својата мисија за зачувување на историското културно наследство од Североисточниот регион на Македонија, овој пат ги проширува своите хоризонти со промоција на историското културно наследство на градот побратим Врање. Договорено е да по овој настан се организира Кумановска вечер во Врање, каде што ќе се промовира историско културно наследство од Куманово и Североисточниот регион.