×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Временските услови неповолни за пчелите

    12.05.2014 14:01 | KumanovoNews

    Температурите во овој период од годината треба да бидат повисоки од  22 степени за да можат пчелите да се движат и да собираат мед.

    Временските услови неповолни за пчелите

    Пчеларите велат дека долгиот период со дождови и променливото време проследено со ветер не им одговара на пчелите.

      - Паша има доволно, но времето треба да биде потопло за да можат пчелите да собираат мед, во спротивно годината ќе биде лоша. Еден хектар багремова паша дава еден тон мед, но кога времето е студено цветот не ги ослободува нектарот за да може истиот да го апсорбира пчелата. Секојдневно ја следиме прогнозата, и ако времето се стабилизира ќе има мед - вели Бранко Тасевски, пчелар.

    Ако продолжи студеното време пчелите ќе бидат во кошниците и ќе им треба потхранување.