×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Втор круг од локалните избори - се бираат градоначалници на Куманово и Старо Нагоричане

    31.10.2021 08:50 | Сузана Николиќ

    Денеска се одржува вториот круг од локалите избори на кој граѓаните на Куманово и Старо Нагоричане бираат градоначалник.

    Втор круг од локалните избори - се бираат градоначалници на Куманово и Старо Нагоричане

    Во Куманово право на глас имаат 93.986 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места.

    Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места.

    Гласањето почна во 7 часот без пробелми и ќе трае непрекинато до 19 часот. 

    Во вториот круг се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на 2.481 избирачко место.

    Во Општина Липково градоначалникот беше избран во првиот круг.