×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Втора шанса“ и „Обуки за барани занимања“, нови мерки на Агенцијата за вработување  

    05.01.2023 18:30 | Оливера Пешевска

    Агенцијата за вработување објави повик за две нови мерки за активни баратели на работа, заинтересирани за стекнување на нови знаења и искуства за пазарот на трудот. 

    „Втора шанса“ и „Обуки за барани занимања“, нови мерки на Агенцијата за вработување   

    Се работи за мерките „Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот“ и „Втора шанса“, кои се однесуваат за лица кои имаат завршено основно образование или се заинтересирани за дооформување на средното образование.

    „За прв пат во државата стартува пилот проектот насловен „Втора шанса“ за лица на кои не им е комплетирано средното стручно образование. Заинтересираните треба да се пријават во АВРСМ и да приложат оригинал од сведителството за завршена втора или трета година од стручното средно образование, зависно од тоа дали станува збор за тригодишно или четиригодишно стручно образование. Лицата ќе се вклучат во процесот на образование како вонредни ученици, а по завршување на образованието ќе добијат диплома за завршено средно училиште и диплома за положена или државна матура, зависно од нивниот избор“, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центарот за вработување во Куманово.

    За оваа мерка можат да аплицираат ранливите категории граѓани кои потешко се снаоаѓаат на пазарот на трудот, како корисници на гарантирана минимална помош, млади лица до 29 години, Роми, жени, лица со попреченост и долгорочно невработени лица. Огласот е отворен до 27 јануари.

    Втората програма „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“ ќе биде отворен до 31 мај, а теоретските обуки ќе се организираат во текот на летните месеци, при што ќе има и еден месец практична работа.

    „За ова мерка обезбедени се 9000 денaри бруто приход за време на посетување на обуката. Во Куманово се организираат обуки за фризер и оператор на компјутерски системи и мрежи за лицата со минимум основно образование. Лицата со минимум средно образование ќе се обучуваат за службеник во сметководство, дигитален маркетер или оператер на компјутерски системи и мрежи“, појаснува Димитријевска.