×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Хабитат Македонија“ ќе финансира изработка на ДУП во „Османов рид“, заради подобри услови за домување

    02.10.2023 14:58 | Оливера Пешевска

    Меѓународната невладина организација „Хабитат Македонија“ и Општина Куманово потпишаа меморандум за соработка, за финансиска поддршка на Детален урбанистички план (ДУП) на локацијата Османов рид, спроти Спомен-костурницата.

    „Хабитат Македонија“ ќе финансира изработка на ДУП во „Османов рид“, заради подобри услови за домување

    Со овој проект ќе има и други активности во Општина Куманово, како дел од поголема петгодишна кампања на „Хабитат“ во која е вклучена и Општина Шуто Оризари.

    „Целта е всушност договор со кој „Хабитат Македонија“ презема обврски да финансира еден ДУП, конкретно за локацијата Османов Рид. Тука имаме голем број на изградени градби, но има и голем број на слободни парцели каде има интерес за градба. Овој дел на градот не е урбанистички решен со ДУП, и мене ми е многу мило што организацијата излегува во пресрет и ќе го покрие финансискиот дел за изработка на Деталниот урбанистички план“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Промоцијата на проектот „Домот е еднаквост“ се совпадна со Меѓународниот ден на домувањето, кој се одбележува во првиот понеделник во октомври. Со најновата кампања треба да се подигне јавната свест за домот како основа за понатамошен развој на луѓето за економски, здравствен, образовен и друг аспект.

    „Долгогодишната соработка со Куманово ќе ја продолжиме и на оваа тема со што ќе ја подигнеме свеста и на локалните власти за вклучување повеќе во донесување на политики и закони кои се однесуваат на подобрување на условите за домување.Посебно на маргинализираните групи на граѓани,за лица кои живеат во несоодветни услови.Тема на кампањата е токму тоа да се подобри домувањето на лицата кои живеат во несоодветни услови“истакна Лилјана Алчева, заменик директорка на програмата „Хабитат Македонија“.  

    Општина Куманово и досега имала соработката со оваа невладина организација при реконструкција на фасадите за енергетска ефикасност на зградите за колективното домување. Во втората фаза на оваа петгодишна кампања ќе се разговара за продолжување на проектот.

    По потпишување на меморандумот продолжи работниот состанок, за да подоцна и членовите на локалната самоуправа и одговорните лица од „Хабитат“ ја посетат локацијата каде ќе се изработува ДУП-от.