×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хеликоптери и воена опрема на војските на Македонија и САД можат да се видат на аеродромот Аџитепе

    21.05.2023 09:08 | Сузана Николиќ

    На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово денеска од 11 до 14 часот, граѓаните ќе имаат можност да видат дел од од воздухопловите, воените возила и опремата на војските на Македонија и на САД, кои се користат на меѓународната воена вежба „Брз одговор 23“.

    Хеликоптери и воена опрема на војските на Македонија и САД можат да се видат на аеродромот Аџитепе

    Од Министерството за одбрана велат дека ќе бидат изложени воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.

    “Покрај презентацијата, присутните, преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите. За прв пат во нашата држава ќе биде прикажано и роботизираното софистицирано возило т.н. PROJECT ORIGIN, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на армијата на САД“, стои во соопштението на МО.

    Вежбата „Брз одговор 23“ ќе отпочне утре / 22. мај/ и  ќе биде најголема реализирана вежба во Македонија, оваа година со учество на армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја:  Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1850 учесници.

    За граѓаните на Куманово има организиран превоз од постојката кај Гарнизон со поаѓање во 11:00, 12:00 и 13:00 часот, а за враќање од спортскиот аеродром  во 11.30, 13:30 и 14:30 часот.