×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарна аукција на дела на реномирани кумановски сликари за лекување на Теодосија

    14.06.2023 09:44 | Оливера Пешевска

    Музеј Куманово во соработка со 18 академски сликари од  градот организира хуманитарна онлајн продажба на уметнички слики, а сите собрани средства ќе одат за лекување на малата Теодосија, која е на лекување во Турција.

    Хуманитарна аукција на дела на реномирани кумановски сликари за лекување на Теодосија

    Информациите за понудата на уметнички слики и начинот на купопродажба, односно на донирање на средствата се достапни на Фејсбук страницата на Музеј Куманово.

    „Во случајов нашата страница служи само како огласна табла. Уметниците сами избраа кои слики ќе ги стават на продажба, кои се објавени со сите детални информации. Заинтересираните контактираат со уметникот, при што е задолжителна резервација на делото ( со контакт телефон и цена впишани под секоја слика), а уплатата оди директно на донаторската сметка на Теодосија. Со доказ за извршената уплата, уметничкото дело може да се подигне. Всушност,се е објаснето на нашата страница“, истакнува Марија Миљуш Божурска, директорка на Музејот.

    Свои дела на продажба нудат уметниците: Ана Јовановска, Далибор Тренчевски, Гоце Божурски, Игор Андреиќ, Ивана Андреиќ, Дејан Божиновски-Коска, Мила Доневска, Мирјана Крстевска Массетти, Мирослав Величковски, Мирослава Цветковиќ, Александар Симоновиќ-Симо,Синиша Кашавелски, Стефан Јакимовски, Стефан Анчевски, Кристина Божурска, Зоран Јакимовски, Тања Соларска Темелковска иТрајан Трајковски. Некои од нив за хуманитарната акција намениле и повеќе од едно дело.

    „Ова е наш мал допринос во големата хуманитарна акција која се одвива во градот за помош на нашата млада сограѓанка Теодосија која не обедини сите“, појаснува директорката Божурска.

    Иницијативата за организирање на оваа хуманитарна акција е заедничка - на музејската установа и на кумановските сликари.

    Во Куманово досега имаше повеќе акции со кои се собираа финансиски средства за лекување на Теодосија на кои се приклучи и локалната власт, невладини и граѓански организации, уметници и спортисти, како и приватни социјално одговорни фирми.