×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарките на Куманово дисквалификувани од Првата лига, клубот не обезбеди пари да продолжи со натпреварувањето

    23.10.2024 08:34 | Оливера Пешевска

    Женскиот кошаркарски клуб „Куманово Гризли“ е дисквалификуван од Првата А женска кошаркарска лига, откако не се појавил на терените во првите два закажани натпревари во сезоната 2024/2025. 

    Кошаркарките на Куманово дисквалификувани од Првата лига, клубот не обезбеди пари да продолжи со натпреварувањето

    Ова практично значи дека уште еден тим од локалната спортска сцена ќе згасне, затоа што нема пари да продолжи со работа.

    „Баравме од Oпштина Куманово да ни обезбедат 600 илјади денари, за да можеме да ги истуркаме овие неколку месеци од годината. Според најавите на почетокот на следната 2025 година ќе ги добиевме ваучерите од Министерството за спорт, кои многу ќе значеа во функционирањето на клубот. За жал, не наидовме на разбирање ниту кај локалните функционери, ниту од ресорното министерство. Тег кој не влечеше надолу беше и фузирањето со тимот на „Гризли“ од Скопје, од кои обезбедивме место во Првата лига, но тие апсолутно финансиски не помогнаа ниту за една потреба на тимот, иако поинаку беше договорено“, објаснува Иван Денковски, кондиционен тренер на клубот.

    Раководството се обидело преку спонзори да ги обезбеди потребните средства, но сите заинтересирани своите пари и надежи ги положиле во машката кошаркарска екипа. Спортот во женските категории е секогаш на крајот на заложбите на одговорните во македонскиот спорт и спонзорите, во машките тимови се вложуваат и десеткратно повисоки суми.  

    По два службено изгубени натпревари ЖКК „Куманово Гризли“ е исклучен од натамошно натпреварување. Првин кошаркарките не отидоа на натпреварот на „МЗТ Скопје Аеродром“, а не играа ниту во салата на економското училиште „Перо Наков“ кога требаше да бидат домаќини на мечот против „Вардар“. Дисквалификацијата следи по ненајавено и неоправдано отсуство на „Куманово Гризли“, иако во Куманово допатувал и противничкиот тим, и сите службени лица кои се задолжени да присуствуваат.

    Спортските ваучери кои ги обезбедуваше Агенцијата за млади и спорт, сега Министерството за спорт не се доделени во изминатите две години.

    Минатата сезона клубот заврши како трето пласиран во Прва А лига за жени. Според Програмата за спорт на Општина Куманово ланиклубот доби 300 илјади денари од локалниот буџет, а годинава 900 илјади денари.