×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зa 5 пати зголемен бројот на повици во Брза помош

    25.08.2011 14:55 | KumanovoNews

    Над пет пати повеќе е зголемена работата на Итната медицинска помош во Куманово, поради неподносливите високи температури во градот. До 16.30 часот, лекарите интервенирале во 37 случаи на повик, а имале и 8 прегледи на пациенти кои биле донесени кај нив во ординациите.

    Зa 5 пати зголемен бројот на повици во Брза помош

    Главно се работело за хронично болни, но имало укажување на помош и на јавни места. До завршување на смената во 20 часот, лекарите велат дека ги чека уште доста работа.

    Во 4 случаи интервениравме на јавни места, се работеше за граѓани кои престојувале подолго на сонце и каде што имало поголема концентрација на луѓе. Интервениравме пред Банката, пред Центарот за социјални работи и на уште други две места. Останатите интервенции се главно кај хронично болните -ни изјави дежурниот лекар во Итна помош.

    Од таму велат дека во редовните денови имаат околу 10 интервенции. Затоа препорачуваат до граѓаните да не излегуваат од дома доколку немаат потреба, да внесуваат што повеќе течности, а хроничните болни да ја пијат пропишаната терапија.