×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 6000 денари да се намалат паушалите на советниците предлага Димитровска

    05.10.2021 14:06 | Сузана Николиќ

    Членовите на новиот состав во Советот на Општина Куманово да добиваат понизок паушал предложи на денешната прес-конференција кандидатката за градоначалничка на коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска. 

    За 6000 денари да се намалат паушалите на советниците предлага Димитровска

    „Во нашата програма предвидуваме намалување на паушалот за советниците во Советот на Општина Куманово за 6.000 денари. Ова е исклучително значајна мерка се со цел поефикасно да се трошат парите на граѓаните и да се искористат за попродуктивни цели, наместо да одат во џебовите на советниците. Ако пресметаме само на месечно ниво заштедата ќе биде 3300 евра“, кажа Димитровска.

    Прес конференцијата беше оддржана пред автобуска постојка кај трговскиот центар „Гарнизон“, како што кажа Димитровска, да се покажа дека локалната власт работи само пред избори, наместо во континуитет цели 4 години.

    „Како што можете да видите овде нема табла каде што може да се види кога поминуваат градски и приградски населби. Во нашата програма предвидуваме поставување на дигитални табли со возен ред за автобуси и за такси места“, додаде Димитровска. 

    Таа најави вифи зони во градот и во јавниот превоз, како и дигитализација на општината заради подигање на квалитетот на услугите кон граѓаните. 

    „Општината ја носиме на отворено ја дигитализираме, ја правиме отчетна и транспарентна за граѓаните. Во нашата програма се предвидува еднаш месечно раководителите на секторите да се спуштат близу до граѓаните и своите канцеларии да ги отворат, за да ги слушнат граѓаните кои се нивните предлози што може да се поправи“, - заврши Димитровска.