×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За два часа вакцинирани стотина граѓани на стартот на ковид имунизацијата во Куманово

    04.05.2021 11:24 | KumanovoNews

    Стотина повозрасни граѓани се вакцинираа во првите два часа од почетокот на регионалната вакцинација во спортската сала во училиштето „Перо Наков“, во кругот на поранешната касарна во населбата Бедиње.

    За два часа вакцинирани стотина граѓани на стартот на ковид имунизацијата во Куманово

    Од Здравствениот дом од Куманово кои ја спроведуваат имунизацијата, велат дека нема проблеми и се тече според предвидената динамика по насоките од Министертсвото за здравство.

    „Имаме 15 пункта, моментално се пуштени за 8 пункта, но со зголемување на бројот на заинтересирани и пријавени граѓани ќе се пуштат дополнителни пунктови за работа. Граѓаните се придржуваат до термините, денеска доаѓа  повозрасната популација, а од петок се намалува стросната граница. Од идната недела ќе бидат пуштени термнини и за помладите сограѓани“,  вели д-р Снежана Јовановска, раководител на Одделението за имунизација.

     Таа ги повикува граѓаните да се придржуваат до терминито коишто ги добиле и да доаѓаат на време за да не се создава гужва.

    Предвидено е дневно да се вакцинираат 1000 граѓани од кинеската вакцина „Синофарм“, која се чува на температура од 2 до 8 степени. Куманово доби 4200 дози.

    Граѓаните коишто ги затековне на пунктот велат дека се задоволни од организацијата и брзо тече самиот процес, но реагираат дека спортската сала е оддалечена од улицата и нема пристап со автомобил, па луѓето кои тешко се движат имаат проблем.

    За да го отстранат овој проблем, службите набавиле инвалидска количка со која ќе се транспортираат тешко подвижните лица.

    На овој пункт ќе се вакцинираат жителите на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце кои се пријавиле на сајтот вакцинација.мк и им стигнала СМС порака или мејл со термин за вакцинација.

    (С.Н.)