×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За еден денар ќе поевтинат горивата

    19.06.2023 15:30 | KumanovoNews

    Цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цената на Еуродизел останува непроменета. За половина денар поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство. 

    За еден денар ќе поевтинат горивата

    Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 68,5 денари за литар. Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар. 

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.