Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вечерва на полноќ стапуваат на сила новите цени на нафтата и нафтените деривати - скоро сите се поевтини за еден денар, само Евросупер БС 95 ќе има намалување од половина денар, а Екстра лесното масло за денар и половина.
Горивата ќе се продаваат по новите цени:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 81,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 83,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 76,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 75,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 41,266 (денари/килограм)
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98%.Корекцијата се должи на намалувањето на цените на светските берзи иако доларот бележи благ раст во текот на минатата недела од 0,157 денари.