×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За една недела 64 заболени од грип во Куманово

    24.01.2020 11:27 | KumanovoNews

    Во Куманово во последните седум дена има зголемување на бројот на заболени од грип. Оваа недела се регистрирани 64 случаи, во споредба со претходната недела кога биле регистрирани 17 случаи.

    За една недела 64 заболени од грип во Куманово

    Докторката Јадранка Стаменковска вели дека ова е сезона кога циркулира вирусот, односно време на респираторни и капкови инфекции и дека ова е очекувано во рамките на сезонскиот грип.

    - Кај нас има најмногу регистрирани случаи на заболени од грип, но во споредба со претходната недела. Оваа недела има 64 заболени, односно станува збор за трета измината недела, а во однос на претходната втора недела имаше 17 регистрирани случаи. Од почетокот на оваа сезона од 2019 година па до сега има вкупно 150 заболени од грип, од кои најзастапена возрасна група е од 15 до 64 години и нивниот број изнесува 106. Во споредба со претходната година бројот на заболени е зголемен, но незначително,- вели докторка Стаменковска, раководител на одделението за епидемиолошка дејност во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Таа додава и дека во овој период, треба да се избегнуваат заболени колетиви, треба да се одржува хигиената, а особено да се мијат рацете со сапун, заболените да седат во домашни услови и да проветруваат, а доколку сипмтомите се влошат да се јават кај матичниот лекар.

    Претходно со бесплатни и комерцијални вакцини против грип во Куманово се вакцинирале 2000 лица, но од Центарот за јавното здравје од Куманово велат дека тие располагаат со уште такви вакцини и дека граѓаните можат се` уште да ги искористат бесплатните вакцини против грип.