За една седмица регистрирани 144 заболени од грип
30.01.2014 08:54
| KumanovoNews
Во период од 20 до 26 јануари во Центарот за јавно здравје Куманово има регистрирано вкупно 144 болни од грип.

Од нив до 4 годишна возраст се 16 заболени, од 5 до 14 години има 17 заболени, од 15 до 64 години регистрирани се 94 заболени и над 65 години болни има 17, стои во соопштението од РЦУК.
За разлика од претходно има благо намалување на бројот на заболени од грип. За заштита од грип се препорачува почесто миење на рацете, избегнување на близок контакт со болни лица, внесување на витамин Ц и друго.