×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За една третина е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на интерното одделение во Кумановската болница

    06.12.2022 13:01 | Сузана Николиќ

    За 30 отсто е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на интерното одделение во Општата болница во Куманово, поради променливото време, големата промена на температурите и загадениот воздух. Покрај хроничните болни се почесто на здравствени проблеми се жалат и помлади пациенти, велат лекарите.

    За една третина е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на интерното одделение во Кумановската болница

    „Најчесто се работи за пациенти кои имаат хронично опструктивно белодробно заболување, воспалителни промени на белите дробови, акутни бронхити и секако постојаниот зголемен број на пациенти со висок крвен притисок, пореметување на регулација на дијабет и останатите хронични болести. Пациентите кои доаѓаат кај нас се од сите возрасти, од најмладите на 20 годишна возраст па до 80 години. Причината за зголемениот број на пациенти е разликата во температурата и честите промени на временското влијание и загадување на воздухот поради користење на фосилни горива за греење“, вели д-р Томица Анчевски, специјалист по интерна медицина.

    Тој препорачува граѓаните кои имаат проблеми со здравјето, повеќе да престојуваат во природа на чист воздух, редовно да ја земаат терапијата препишана од лекар и препарати за зајакнување на имунолошкиот систем.

    На одделението за интерни болести во Општата болница во Куманово работат 12 специјалисти интернисти и уште тројца специјализанти, што според надлежните е доволено да одговорат на потребите на пациентите од регионот.