×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За Илинден Заев на прославата во Пелинце

    31.07.2021 18:42 | Сузана Николиќ

     Премиерот Зоран Заев, по повод 2 Август – Денот на Републиката (Илинден) ќе присуствува на прославата во Пелинце.

    За Илинден Заев на прославата во Пелинце

    Заев ќе се обрати на свеченоста која ќе се одржи во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, која ќе започне со положување свежо цвеќе во 09:50 часот.  

    Премиерот ќе го придружуваат и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за култура Ирена Стефоска.