×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, кажа Димитровска

    18.10.2021 14:04 | Сузана Николиќ

    Нека победи најдобриот кандидат, нека одлучат граѓаните кој треба да ја води општината. Најважно е до крај да имамем фер и демократски процес, изјави кандидатката за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, која не освои доволен број на гласови за влез во вториот круг на изборите, но денеска се заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг.

    За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, кажа Димитровска

    „За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки. Нашите идеи и предлози ќе ги доставиме до идниот градоначалник и гласно ќе се залагаме да бидат прифатени и реализирани. Она што ние го предложивме беше еден нов концепт, празличен од сите останати. Содржи мерки кои навистина се остварливи, кој и да дојде за градоначалник треба да ги прифати нашите креативни предлози. Нашата цел е граѓаните да бидат задоволни и се надеваме дека наредните 4 години вистински ќе се направи нешто Куманово да биде посовремен и проевропски град“, кажа Димитровска.

    Во однос на поддршката на двата кандидати во вториот круг, таа рече дека како граѓанска и прогресивна партија нема да повикуваат да гласа за некој од кандидатите, туку ќе остава нивните гласачи да одлучат по сопствено убедување што за нив е подобра опција и градоначалник.

    Коалицијата на ЛДП и ДОМ, не освојиа доволно гласови за претставник во Советот на Општината.