×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „За наше Куманово“ на конвенција ќе ги претстави кандидатите за градоначалник и советници

    27.09.2021 10:22 | Сузана Николиќ

    Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ вечер ќе одржи предизборна конвенција на која ќе ги претстави кандидатот за градоначалник и листата на советници. Конвенцијата ќе одржи на Градскиот плоштад со почеток во 19.30 часот. 

    „За наше Куманово“ на конвенција ќе ги претстави кандидатите за градоначалник и советници

    Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски се заблагодари за досегашната поддршка, најави дека ќе води позитивна кампања и ги повика граѓаните да дојдат и да слушнат неговата програма. 

    „Во следниот период ќе се посветиме на сите оние проекти коишто во иднина овој граѓански концепт сака да им го понуди на кумановци, да имаме поубав, позелен и поперспективен и проевроспски град. Место каде што ќе останеме да живееме. Воедно сакам да ве поканам во мое име и во име на кандидатите за советници денеска да дојдете на нашата предизборна конвенција на Градскиот плоштад во 19.30 часот и заедно да отпочнеме еден нов процес за напредок, просперитет и прогрес на наше Куманово“, кажа Димитриевски. 

    На гласачкото ливче Максим Димитриевски е под реден број 80, додека советничката листа предводена од Ивана Ѓориевска е на 61 место.