×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За основците од Вак’в школската година уште не е почната, немаат превоз до училиштето во Пчиња

    04.09.2023 11:13 | Оливера Пешевска

    Учениците од кумановското село Вак’в се уште не се тргнати на училиште поради тоа што немаат организиран превоз до подрачното училиште на „Браќа Миладиновци“ во соседното село Пчиња.

    За основците од Вак’в школската година уште не е почната, немаат превоз до училиштето во Пчиња

    Се работи за 5 ученика, едно прваче, две дечиња во четвртто одделение и по едно во шестто и осмо одделение, кои секојдневно патауваат на релација меѓу двете села. 

    „Новата учебна за нашите деца ќе започне со неколку дена задоцнување, затоа што нема превоз. Од училиштето ни рекоа да почекаме додека го решат проблемот, па ќе ни се јават“, вели една родителка.

    Директорката на ОУ „Браќа Миладиновци“, Јасмина Спасовска вели дека учениците останале без превоз затоа што е истечен договор со превозникот кој ја извршувал услугата во предходната учебна година.

    „Договорот истече на 1 септември, денеска веќе работиме на склучување на нов. Очекуваме веќе од утре ситуацијата да се разреши и децата да тргнат на редовна настава“, изјави Спасовска.