×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За половина година собрано околу 120 тони ѓубре од дивите депонии во Куманово

    03.08.2020 11:21 | KumanovoNews

     Во првите шест месеци годинава од диви депонии во Куманово биле изнесени 120 тони смет, што претставува зголемување за околу 20 до 25 отсто повеќе од претходната година за истиот период.

    За половина година собрано околу 120 тони ѓубре од дивите депонии во Куманово

    Директорката на ЈП „Чистота и зеленило“, Цветанка Ивановска, вели дека една од главните причини за создавање на дивите депонии е тоа што луѓето не сакаат да платат и да го депонираат сметот каде што му е место, па го оставаат  на сите слободни површини во централното градско подрачје и во приградските населби.

    „ Луѓето не сакаат да го донесат сметот на депонијата кај нас, па создаваат нови депонии на местата каде што им е најблиско. Ние направивме нов ценовник за изнесување на смет и цените се симболични. За култиваторите е 50 денари, односно 0,2 денари од кило. Но, тоа не даде резултатите. Граѓаните тешко се откажуваат од старите навики. Тоа се најчесто луѓе коишто изнесуваат смет од домаќинставата со трактори и култиватори и за тоа наплаќаат од сопствениците, а потоа го исфрлаат каде што ќе стигнат, не водејќи сметка за животната средина“, додава Ивановска.

    Таа вели дека тие немаат надлежност да ги казнуваат сопствениците на култиваторите, туку тоа е надлежност на полицијата.

    Причината за зголемото количество на изнесен смет не е само поради веќе постоечки депонии, туку и поради  новосозданените ѓубришта. Во оваа половина на годината, ЈП „Чистота и зелелнило“ повеќепати ја чистеше дивата депонија спроти поранешниот маркет „Туш, како и новосоздадените депонии кај Кошеви, во населбите Доброшане и „Диво Насеље“, каде што и по чистењето на дел од нив може повторно да се забележи голема количина на нов смет.

    (Ф.Марковска)