×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За првпат и земјоделките ќе имаат платено отсуство за мајчинство, за 9 месеци ќе добијат 81.000,00 денари

    08.02.2023 21:52 | Жаклина Цветковска

    Жените земјоделки за првпат ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство. Тие досега не беа опфатени со Законот за работни односи или други законски акти и не им следуваше надоместок за  породилно отсуство.

    За првпат и земјоделките ќе имаат платено отсуство за мајчинство, за 9 месеци ќе добијат  81.000,00 денари

    Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност и се регистрирани индивидуални земјоделци , ќе започне реализацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство. 
    Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.
    „Оваа програма е привремено решение со цел да им излеземе во пресрет на жените земјоделки до донесување на системско решение. Ова е голем успех кој го постигнавме заедно со НФФ и Министерството за труд и социјална политика. Во отсуство на законско решение, ние изнајдовме модел преку посебна програма, финансирана од буџетот на Платежната агенција, да им се исплати еднократна финансиска поддршка од 81.000 денари“, посочува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никловски. 
    Финансиска поддршка за  надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година.