×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За таксистите се одложува воведување фискални со ГПРС

    05.02.2015 13:33 | KumanovoNews

    Согласно одлуката на Владата на РМ, таксистите се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување од 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година.

    За таксистите се одложува воведување фискални со ГПРС

    Ова значи дека за околу 9.000 авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2015 година.

    Со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555 фискалните апарати со ГПРС, УЈП отпочна со он-лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат.

    Сите даночни обврзници кои вовеле фискален апарат со ГПРС уред, потребно е да отпочнат процедура за дерегистрација на старите фискални каси доколку не го сториле тоа до сега.

    Дерегистрацијата на старите фискални каси без ГПРС се врши со поднесување на пријава за престанок на регистрација на фискален систем на опрема (образец ФА-03) која може да се преземе од веб страницата на УЈП.