×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За три месеци 156 казни за непрописно паркирање и 1.560 подигања со пајак во Куманово

    18.11.2024 12:54 | Оливера Пешевска

     156 возачи се казнети за погрешно паркирање и 1.561 возило било подигнато од пајак службата на ЈП „Куманово-паркинг“,  за месеците август, септември и октомври, на територијата на СВР Куманово. 

    За три месеци 156 казни за непрописно паркирање и 1.560 подигања со пајак во Куманово

     Во истиот период казнети се 39  пешаци за непрописно минување на улица, вон обележан пешачки премин или на црвено светло на семафорот.

    „Полициски службеници од СВР Куманово во последните три месеци, заклучно со 31 октомври изрекле вкупно 1.717 мерки во однос на погрешно и непрописно паркирање, вклучително и 1.561 возила кои биле подигнати со специјалното пајак возило“, соопштуваат од Кумановската полиција.

    На кумановските улици постојано се паркирани возила кои го попречуваат движењето на останатите учесници во сообраќајот. За возачите во Куманово најиритантно е оставањето на возилата на најфреквентните улици, особено кога се создава тесно грло, па се разминуваат возила наизменично од двата правци. Најголеми застои на улицата Маршал Тито, кај монтажната гаража и кај скопските дуќани, а и на булеварот Трета МУБ, од Градскиот пазар до кружниот тек.

    „Застанува и паркира која како стигне, кој каде сака. Кај пазарот често се вози по само една лента, левата е зафатена со возила паркирани во две колони. Но најбизарно беше кога налетав на возило паркирано на сред улица, кај малото пазарче. Си влегол човекот во продавница, си пазари, а сите подзастануваат за да видат дали е потребна некоја помош ако се работи за дефект. Беше паркиран на 1,5 метар од тротоарот, мирно си влезе, ја запали колата и замина. Останавме подзинати“, ни ја раскажува својата случка Ж.Ѓ., 50- годишен возач со долгогодишно искуство.

    Тој тврди дека најчесто граѓаните немаат време ниту да пријават, додека стигне полицијата, возачите си заминуваат без последици. Неказнивоста и малиот број на сообраќајни полицајци на улица продуцираат се поголема арогантност кај возачите.