Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од коалицијата на СДСМ гласаа воздржано, а од ДУИ беа против да се одвојат сретства за изградба на тоалети во училиштето „Карпош„ и децата повеќе да не користат клозет
Учениците и наставниците од основното училиште „Карпош„ од селото Умин Дол и наредната година ќе одат по нужда во полско веце. Амандаманот на советникот на ДПСМ, Саша Николиќ, во Годишната програма за развој на Општината Куманово за 2014 година да се одвојат сретства за изградба на толаети, прво не доби подршка од општинските служби, а потоа и од мнозинството советници.
Треба да водиме сметка за најмладите, бидејќи децата одат во тоалет кој нема никакви услови, руиниран е и секој момент може да падне. Во него нема вода, а оддалечен е стотина метри од училишната зграда и особено е проблем да се користи кога е дождливо.- рече советникот Николиќ.
Објаснувањето на допре до советниците, па од коалицијата на СДСМ гласаа воздржано, а од ДУИ беа против. Подршка не добија ни амандманите за изградба на сала во училиштето во Горно Којнаре и асфалтирање на патека во Табановце, која чини само 30.000 денари.
Срамота е да се расправа за 30 000 денари, за проект за потреба на учениците. Жал ми е што терате политика преку грбот на децата. Сумата е смешна и може да ја одели секој од нас. Ги повиквам колегите од СДСМ да го подржат амандамнот.- рече советникот на ГРОМ Драги Караџински.
Претседавечот на Советот Максим Димитриевски го обвини предлагачот дека амандманите се популистички и имаат за цел да му донесат ситни политички поени, додека, Николиќ му врати дека тие се отфрлени само затоа што ги поднела опозицијата, иако на жителите во Умин Дол за изборите тие им ветувале дека ќе направат училишни тоалети.