Казнети 60 возачи - половина возеле во алкохолизирана состојба
23.05.2022 12:41
| Сузана Николиќ
Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 60 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 30 санкции за возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, 4 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирано возило“, соопшти МВР.