×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Забелешки за текот на изборниот процес

    27.04.2014 13:07 | KumanovoNews

    Партиски набљудувачи на избирачките места реагираат дека денеска на терен се агитира, се врши притисок и заплашување на гласачите.

    Забелешки за текот на изборниот процес

    Тие наведуваат дека има нерегуларности на избирачки места 1047, 1064/1, 1067, 1068, каде се бришел маркерот, во 1039 од избирачкиот одбор не давале ливче за гласање за претседател,  додека во 1061, 1051 и 1058 се вршел притисок пред и околу гласачките места. Во 1091 и 1091/1 била забележана агитација.

    Во избирачко место 1026/1 фатен е гласач како слика гласачкото ливче, додека во с.Пчиња, членови на една партија со возило во движење пуштале музика со пропагандна содржина.

    Од општинската изборна комисија велат дека по сите пријавени неправилности реагирале на терен и тие се отстранети, а случајот во селото Пчиња е пријавен во СВР Куманово.