×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

    16.03.2021 10:28 | KumanovoNews

    Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ја затвори асфалтната база на „Кооп инженеринг“ ДОО во Куманово во рок од 30 дена и даде обврска да пострави филтер за да го намали загадувањето на воздухот.

    Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

    Контролата на асфалтната база уследила по пријава на граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези, кои се најпогодени од испуштањето на отпадни гасови и прашина.

    „ДИЖС на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово. Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставија видео запис на кој можеше да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршија мерења на отпадни гасови и прашина од страна на акредитирана лабораторија. Целта на мерењата е утврдување на реалните емисии и проверка на претходни извештаи за почитување на граничните вредности од дозволата, нарачани од страна на самата инсталација“,  соопштува ДИЖС.

    Со Извештајот на акредитираната лабораторија се утврдило повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина.

    „Во согласност со наодот на лабораторијата, на 12-ти март на асфалтната база ѝ беше наредено да престане со работа во период до 30 дена, односно додека се постави соодветен вреќаст филтер. Филтерот ќе обезбеди со наредни лабораториски мерења емисиите ќе бидат во рамките на дозволените граници“,  велат од Државниот инспекторат за животна средина.

    Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи со ненајавени мерења на емисиите во воздухот и испуштањето на отпадни води од страна на загадувачите, што ќе ги врши акредитирана лабораторија, ангажирана по пат на јавна набавка.

    (Фото.ДИЖС)