Зачестија сончевите алергии
Во последниве години во дерматолошката амбуланта во Општа болница Куманово, се почесто се јавуваат граѓани со симптоми на алергија од сонце.
Специфично е тоа што алергијата се јавува кај помлади граѓани и предизвикува бурни реакции.
Тие се манифестираат уште при првото изложување на сончевите зраци и тоа со црвенило, чешање, пецкање, отоци на самата кожа. Може да се јави потешкотија при дишење, оток на уста, очи и тогаш потребно е барање на лекарска помош и соодветен третман. Генерално во последниве години се повеќе и повеќе има пациенти со различни алергии од дрва, трева, козметика и друго. Изложувањето на сонце доведува до промена на самите бемки што е исто така симптоматично. Во последно време се јавуваат многу луѓе со иритирани бемки кои покажуваат знаци на карцином - вели Виолета Кузмановска, специјалист дерматовенеролог во Општа болница Куманово.
Таа советува граѓаните уште кон крајот на април да ја штитат кожата со заштитен фактор 50, да носат шапки, чадори, а на високи температури да седат под сенка.