Задутре ќе се прска против мушички
31.07.2013 09:07
| KumanovoNews
На Градскиот кеј на 2 август ќе има третирање против мушички.

Се известуваат граѓаните дека во петок во раните утрински часови во времетраење од 3 до 5 часот ќе се изврши третирање против мушички на кејот на река Кумановка од супермаркетот „ТУШ“ до „Митев мост“. Пчеларите да си превземат соодветни мерки за заштита на пчелите - информираат од Општина Куманово.
Доколку поради временски услови се одложи третирањето истото ќе се реализира следниот ден.