×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заедно да се движиме кон ЕУ, но не по цена која не можеме да ја платиме, порача Димитриевски на Денот на независноста во Куманово

    08.09.2023 13:00 | Оливера Пешевска

     Пред бистата на „Жена борец“ на Градскиот плоштад во Куманово,  денеска свечено се  одбележа „8-ми Септември“ - Денот на независноста на Македонија.

    Заедно да се движиме кон ЕУ, но не по цена која не можеме да ја платиме, порача Димитриевски на  Денот на независноста во Куманово

    Свежо цвеќе положија делегации на општината,  борците, воените и полициските ветерани, локалната самоуправа, членови на Собранието, АРМ , МВР, институции, училишта, политички партии, невладини организации и граѓани.

     Пред присутните се обрати градоначалникот Максим Димитриевски.

       „На Република Македонија и следи период на промени, претстои процес на докажување на нашите државнички, цивилизациски и европски вредности. Секој граѓанин треба да е буден и активен учесник во креирањето на политиките, вклучен во настаните што претстојат. Треба да знаеме да се почитуваме, да соработуваме и да тежнеееме кон нашата стратешка цел, а тоа е влез во Европската Унија.  Ние мора да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани. Како граѓанин на оваа држава, посакувам што побрзо да тргнеме на прав пат, да си ја сакаме и почитуваме државата, искрено и без демагогии да создадеме вистинска иднина со вистински вредности“, истакна градоначалникот Димитриевски.

    На 32 годишнината од осамостојувањето на државата, тој порача дека Македонија е на сите-Македонци,Албанци,Роми,Турци,Срби,Бошњаци и сите други граѓани кои живеат тука и дека како никогаш до сега треба да бидеме сплотени, единствени, да искажеме став и да се бориме за тоа што е наше.

    „Денеска, на овој голем ден ги повикувам сите наши граѓани,без разлика на нивната верска и етничка припадност, да ни се придружат и заедно да се движиме по зацртаната траекторија кон ЕУ, но не по цена која никогаш не можеме да ја платиме,а тоа е исчезнувањето на македонската нација“, потенцираше Максим Димитриевски.

    На свеченоста се одржа и пригодна културно-уметничка програма. Гост на прославата беше оперскиот пејач,тенорот Влатко Груевски кој ја изведе националната химна.