×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев: Четири години му се оддолжуваме на Куманово - вложивме над 120 милиони евра од државниот буџет

    15.10.2021 20:06 | Сузана Николиќ

    Куманово 11 години беше игнорирана и заборавен општина од локалната власт. Не само што државата денар не вложи туку правеше се за да го блокира Куманово, да ја опструира работата на општината, ние тоа го сменивме драматично, решивме да му се оддолжиме на Куманово за пркосот, за храброста за одлучноста во борбата против режимот, порача вечерва претседателот Зоран Заев на завршниот настана на караванот „Најдоброто за мојата општина“

    Заев: Четири години му се оддолжуваме на Куманово - вложивме над 120 милиони евра од државниот буџет

    „За четири години од централниот буџет инвестиравме во Куманово колку што не беше вложено за 12 години. Нов Ургентен центар изградивме овде во Куманово, но и на околу 200.000 граѓани од овој регион. Реализиравме и реконструкција на патот Куманово – Свети Николе, патот Куманово – Страцин, реконструкција на Искрин мост на река Пчиња а се работи и и на пругата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка“.

    Тој најави дека во следните години, СДСМ и централната власт ќе ги поддржат сите проекти што значат уште позасилен развој на Куманово.

    „Заедно со Оливер Илиевски, заедно со советниците од СДСМ и Коалицијата овде во Куманово во следните четири години ќе реализираме изградба на две нови детски градинки во населбите Тоде Мендол и Перо Чичо, поврзување на булеварот Октомвриска револуција со автопатот Е – 7 и три нови катни гаражи во центарот на градот. Давам збор пред вас дека централната власт застанува зад овие проекти, застанува зад Оливер Илиевски. Затоа што Куманово го заслужува најдоброто а најдоброто е Оливер Илиевски и Атина Мургашанска, затоа во недела да гласаме за број 12“, повика Заев.

    Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во своето обраќање нагласи дека Оливер Илиевски знае што е вистинска грижа за граѓаните. Неговата визија е Куманово – безбедно и просперитетно место, зелен град со високи еколошки стандарди, град со решен сообраќаен хаос и енергетски ефикасен, функционална општина по сите европски и светски стандарди на она што значи сервис за граѓаните и за тоа ја има целосната поддршката на централната власт.