×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на СДСМ, поради поразот на локалните избори

    01.11.2021 06:20 | Сузана Николиќ

    Премиерот Зоран Заев поднесува оставка од функциите премиер и претседател на СДСМ и го призна поразот на локалните избори. Тој им ја честиташе победата на политичките противници.

    Заев поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на СДСМ, поради поразот на локалните избори

    „Во името на СДСМ и сите наши луѓе да им ја честитам победата на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ“, изјави Заев на синоќешната прес-конференција. 

    Тој кажа дека е горд што ја внесе земјата во НАТО, лани земјата доби одлука за почеток со преговорите со Европската Унија и се спроведе успешен попис.

    „За нас прогресивните кои им се радувавме на овие успеси, за жал, дојде политичка казна. Разочараност за мнозинството кое ги избра истите кои пред само четири години тргнаа да убиваат луѓе во парламентот. Се здружија жртви и насилници. Јас сум донел слобода и демократија, а демократијата подразбира поднесување одговорност“, кажа Заев.

    Тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. 

    „Ќе останам периодов додека треба за да помогна за да се реорганизира нова Влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено“, кажа Заев.