Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесет и девегодишен кумановец починал откако со својот автомобил излетал од коловоз на мост.
Според МВР, несреќата се случила вчера во 15.10 часот, на место викано „Бавчи“ во с. Проевце. На мостот на реката Кумановка, патничко возило „југо темпо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(69) од Куманово, излетало од коловозот.
На местото на незгодата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.