Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на селото Пелинце синоќа загинал, откако му се превретел тракторот кој го управувал.
Според МВР, несреќата се случила во 21.30 часот, на местото викано „Искра“ покрај реката Пчиња, додека Р.И.(67) од с. Пелинце, додека управувал трактор „Фергусон 539“, се превртел и починал на местото на несреќата.
Лекар констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Во извлекувањето на тракторот учествувала и екипа од Противпожарната екипа на Старо Нагоричане од 22.30 до 02 часот по полноќ со еднo возило и двајца пожарникари.