×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Захариева: Неблагодарно е да доделевме само една Ноемвриска награда

    11.11.2013 12:41 | KumanovoNews

     На обвинувањата од Коалицијата За подобра Македонија, за недоделувањето на Ноемвриска награда, одговори претседателката на Комисијата за доделување награди и признанија, Снежана Захариева, која вели дека сите предлози биле квалитетни, па не можеле да се одлучат за еден добитник.

    Захариева: Неблагодарно е да доделевме само една Ноемвриска награда

    Сите кандидатури беа добри со своите достигнувања, и лични и луѓе што дале придонес за градот, но ќе беше неблагодарно да издвоевме еден или двајца, а другите да ги ставиме во подредена положба. Паричните средства ги доделивме на лицата кои во вистинска смисла на зборот се борци, бидејќи целиот свој живот се борат за своите права и свое место под сонцето, а тоа се лицата со попреченост - вели Захариева.

    Таа додава дека обвинувањата од нивните политички противници биле очекувани.

    Годинава првпат по 30 години нема да се додели Ноемвриската награда за која пристигнаа 7 предлози.