Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И покрај тоа што казните се 50 евра за физички лица и до 5000 евра за правни лица, несовесните граѓаните не се плашат, и на секоj чекор фрлаат ѓубре, отпушоци, плукаат, секнат нос и вршат физиолошки потреби на јавните места.
Законот за јавна чистота што стапи во сила пред 2 години не ги даде очекуваните резултати. И покрај тоа што казните се од 50 евра за физичките лица и од 2000 до 5000 евра за правните лица, несовесните граѓаните не се плашат, и на секоj чекор фрлаат ѓубре, отпушоци, плукаат, секнат нос и вршат физиолошки потреби на јавните места. Граѓаните кои ги почитуваат цивилизациските вредности велат дека затаиле инспекциските служби.
Проблемот е кај надлежните инспекциски служби и полицијата. Кога го донесоа законот стартуваше многу ригорозно, но кратко траеше.Кај нас се се спроведува кампањски и се девалвираат законите и државата. Нашиот народ може да се стават во ред само ако се казни, се друго е залудно - велат граѓаните.