Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска беше во работна посета на СВР Куманово.
„Во рамки на посетата беше разговарано за севкупната безбедносна состојба на територија на Куманово вклучително и настаните со знамето и синоќешното опожарување на три возила и еден објект. Беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна а овие изолирани случаи дел се целосно расчистени а дел се работи на нивно расчистување и изведување на сите прекршители пред лицето на правдата“, соопшти МВР.
Заменик министерот Исени уште еднаш истакна дека одржувањето на безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните се апсолутен приоритет на полицијата и секој што ќе се обиде на било каков начин тоа да го наруши ќе биде спречен и санкциониран од страна на полицијата и изведен пред лицето на правдата.