×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Занаетчиството во Куманово заслужува сериозна посветеност и поддршка, порача Доцевска-Божиновска

    12.10.2021 13:37 | Сузана Николиќ

    Носителката на листата за советници на коaлицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска-Божиновска, денеска оствари средба со претставници на Регионалната занаетчиската комора во Куманово, при што истакна дека занаетчиството и занаетчиите заслужуваат поголема поддршка и помош од локалната и централна власт.

    Занаетчиството во Куманово заслужува сериозна посветеност и поддршка, порача Доцевска-Божиновска

    „Како дете на занаетчија, неизмерно го почитувам занаетчискиот труд. Точно знам која е и маката и моќта на занаетчиските раце кои одржуваат цели семејства. Денеска сум на средба со претседателот на Регионална занаетчиска комора на Куманово, а воедно и претседател на Занаетчиската комора на Република Македонија, господинот Агрон Фазли, со цел изворно да ги слушнеме проблемите, но и да му ги најавиме и презентираме проектите кои ги предвидуваме во програмата. На занаетчиството во Куманово му е потребна сериозна помош, во проекти, цели програми, лично сметам дека треба и општинска стратегија на подолг рок, која би опфатила и директна помош субвенционирање на еснафите, но и анимирање и поттикнување на младите и изнаоѓање модул секој граѓанин што сака и може да помогне и даде свој придонес кон зачувување на занаетите“, изјави Елена Доцевска-Божиновска.

    Таа додаде дека Општината има свои локали, простори, дел од нив треба да се стават во функција токму на занаетчиите.

    „Па зошто да немаме една убава градска сувенирница, која ќе биде украс за градот, гордост за кумановци, но и помош и промотор на еснафите во Куманово. Фирмарините и закупнините треба да се симболични, да се намалат и сите такси и давачки кои го оптеретуваат и отежнуваат нивното опстојување и функционирање. Во рамките на создавање нова иднина имаме и визија и волја занаетчиството да се движи во позитивна насока, но тоа да биде видливо, а не само флоскула или напишана хартија“, заврши Доцевска-Божиновска.