Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Станот на улицата “Октомвриска револуција“, вчера попладне целосно изгоре откако се запалил продолжен кабел.
Рената Петковска, која живее во станот, вели дека околу 16 часот излегла од дома, но по 15 минути соседите ја известиле дека станот гори. Кога се вратила дома, ја пречекала страота глетка. Целата зграда била во чад, пожарникарите го гаснеле огнот, но мебелот и покуќнината веќе биле уништени.
“Ме повикаа по телефон и веднаш дојдов. Чадеше од станот, а во ходникот пожарникарите го гаснеа огнот. Причинета е голема материјална штета. Иако живеам во станот на тетка ми за да го одржувам, мебелот е мој. Комодите се пепел, исто телевизор плазма, кревет, спалната соба, маси, столици, теписони, завеси, ролетни, буквално се. Останав без тоа што со години го печалев, - вели потресено Петковска.
Таа апелира до сите хумани граѓани и фирми да и помогнат, со финансиски средства или со матерјал, бидејќи целиот стан мора да се реновира. Да се стават нови вратио и прозорци, да се вароса станот.
Ако може општината да ми помогне нешто би била благодарна, бидејќи ова за мене е голема штета“ - додава Рената.
Сите добронамерници и хумани луѓе кои сакаат да помогнат, Рената можат да ја контактираат на 078 569 841.