Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарникарите на Куманово и Старо Нагоричане имале три интервенции во изминатото деноноќие.
Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), во Куманово имало два пожари.
„ТППЕ Куманово преку ноќта интервенирала на ул. 11 Октомври од 00:45 до 00:11 часот со 1 возило и 3 пожарникари на запалена автобуска постројка. Втората е на запален автомобил на ул.Бајрам Шабани бр.160, интервенирано е од 01:25 до 01:45часот со
едно возило и четири пожарникари“, соопштува РЦУК.
ТППЕ Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден од 10:40 до 11:30 часот во с.Младо Нагоричане кај м.в. мала Поганци гаснеле запалени житни култури со површина од околу 2,5 декари, интервенирано е со едно возило и 3 пожарникари.
Причина за пожарите и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.