×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запалена шума во Матејче се гаснеше со авиони

    17.08.2015 08:29 | KumanovoNews

     Дирекцијата за заштита и спасување вчера со два авиона гаснеше заплена сува трева и дабова шума, во место викано Вуксан во липковското село Матејче.

    Запалена шума во Матејче се гаснеше со авиони

    Првично околу 11 часот пожарот бил ставен под контрола, но во текот на попладневните часови поради појава на ветерот,  жариштата повторно се активираа. Поради лошата конфигурација на теренот и непристапност до опожарената површина со сува трава и дабова шума, ДЗС беше принудена да ангажира два авиона за гасење на пожар. Околу 17 часот пожарот е локализиран,  но веќе во 20.15 часот од Полициската станица Матејче ги известиле надлежните дека пожарот сеуште е активен. Од РЦУК велат дека поради дождот синоќа, пожарот е изгаснат, а зафатената површина не е позната.

    За време на викендот во општина Старо Нагоричане имаше три пожари на запалена сува трева. Сите се изгаснати од ТППЕ Старо Нагоричане со едно возило и 3 пожарникари. Во саботата во село Никуљане се опожарени 5 хектари, а вчера во село Слатино 2-3 декари површина и во Стрезовце околу еден декар.