Запалени смреки во Арбанашко
26.05.2014 07:21
| KumanovoNews
Повеќе стебла смреки вчера се запалени во атарот на село Арбанашко на пат кон село Длабочица.

Пожарот го пријавилe планинари, а на терен излегле пожарникари од Територијална противпожарна единица од Старо Нагоричане. Пожарот бил изгаснат во 21 часот пожарот и немало опасност од негово проширување.
Причина за избувнување на пожарот е човечки фактор, стои во соопштението од Регионален центар за управување со кризи.